Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес се сретна со претседателот на Турска Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар.
Состанокот се одржа во Лефкоса, главен град на ТРСК, каде што Фидан претходно се состана со својот колега Тахсин Ертугрулоглу по пристигнувањето.
На заедничката прес-конференција со Татар, Фидан изрази желба Туркије, Грција, Турска Република Северен Кипар и Администрацијата на кипарските Грци да работат заедно за да се изгради подобра иднина за регионот.
Дополнително Фидан посочи на политиката на маргинализација и меѓународна изолација на Турската Република Северен Кипар, велејќи дека преземените мерки не може да го попречат нејзиниот историски напредок.
Претпладнево Фидан пристигна во Лефкоса во дводневна работна посета на Турска Република Северен Кипар.