Од турското МНР не беа дадени дополнителни детали за средбата / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во четвртокот се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Прага, главниот град на Чешка, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

„Министерот за надворешни работи Хакан Фидан се сретна со Антони Блинкен, државниот секретар на САД, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага“, се вели во соопштението на Министерството објавено на социјалната мрежа Х.

Не беа дадени дополнителни детали.

AA
Популарни