Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави во средата дека Израел убивајќи го политичкиот шеф на Хамас Исмаил Ханије го убил и мирот. „Изразувам сочувство до неговото семејство, палестинската нација и исламскиот свет. И не треба да заборавиме дека со неговото убивање го убија и мирот“, рече Фидан во програма во живо. Фидан потенцираше дека израелскиот премиер „ја зел Америка како заложник“. „Нетанјаху тоа добро го знае“. Шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије беше убиен во иранскиот главен град Техеран рано во средата.
Хамас и Иран го обвинија Израел за убиството, но Тел Авив допрва треба да ја потврди или негира неговата вмешаност. Ханије, кој беше во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, беше убиен во воздушен напад врз резиденцијата каде што престојуваше.