Фидан ја изразил осудата на Туркије за нападот, притоа пренесувајќи сочувство до руската нација и Влада / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан му рекол на својот руски колега Сергеј Лавров дека Анкара го осудува „грозоморниот терористички напад“ во Москва, соопштија во петокот турски дипломатски извори.

Во телефонскиот повик, Фидан ја изразил осудата на Туркије за нападот, притоа пренесувајќи сочувство до руската нација и Влада, додаваат изворите.

Одделно, турското Министерство за надворешни работи во соопштението рече: „Со голема тага дознавме за многуте смртни случаи и повредени како резултат на нападот врз концертната сала во Москва оваа вечер“.

Дополнително, турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз на Х рече: „Најостро го осудувам терористичкиот напад врз концертната сала во Москва, главниот град на Русија, во кој многу луѓе ги загубија животите и беа повредени“.

„Тероризмот насочен кон невини луѓе е злосторство против човештвото, без разлика каде се наоѓа во светот или кој го врши“, нагласи тој.

Вооружени напаѓачи убиле 40 луѓе и повредиле над 100 други во пукање во концертна сала во Москва, објави во петокот Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Инцидентот се случил во Красногорск, административниот центар на Московската област, каде што музичкиот бенд „Пикник“ настапувал во салата „Крокус“.

Експлозија во салата подоцна предизвика голем пожар. Министерството за вонредни состојби на земјата соопшти дека околу една третина од зградата е зафатена од пламен, а неколку хеликоптери работат на гаснење на пожарот.

Судбината на напаѓачите останува непозната, а извештаите тврдат дека успеале да побегнат од местото на настанот.

Над 100 луѓе досега се евакуирани од зградата, додаде Министерството, а повеќе луѓе чекаат помош на покривот.

AA
Популарни