Фидан изјави дека Туркије презела важни чекори со цел да ја одржи стабилноста на Балканот и другите региони во светот / Photo: AA

Туркије има капацитет, моќ и што е најважно одлучност да ги елиминира сите закани за нејзиното постоење, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Според Фидан веќе е на повидок крајот на сепаратистичко-терористичката организација и нејзините ограноци во Сирија (ПКК/ЈПГ).

„Го повторивме неколку пати. Не е можно да живееме со ваква закана (ПКК/ЈПГ). Потребните чекори или ќе ги преземе некој друг или ние ќе го направиме тоа“, рече Фидан.

Зборувајќи за коментарите на Франција за време на посетата на американскиот државен секретар на Париз, Фидан рече дека Туркије не ги зема предвид земјите кои се обидуваат да ги остварат сопствените интереси во Сирија користејќи ја американската моќ.

Во врска со геноцидната војна на палестинските територии, Фидан рече дека оставањето на Палестинците без земја и држава е нешто што е „апсолутно неприфатливо“.

Фидан изјави дека Туркије презела важни чекори со цел да ја одржи стабилноста на Балканот и другите региони во светот.

TRT Balkan / агенции
Популарни