Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес оствари средба со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и други високи владини претставници.
Во пост на X, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Фидан е примен од Шариф во пакистанската престолнина Исламабад.
Турскиот министер се сретна и со Јусуф Раза Гилани, претседател на пакистанскиот Сенат, Горниот дом на Парламентот.
Претходно, Фидан се сретна со својот пакистански колега Исак Дар со кој одржа заедничка прес-конференција.
Фидан вчера пристигна во Исламабад во дводневна посета на разговори за билатералните односи и меѓународните случувања.
Туркије и Пакистан одржуваат блиски односи базирани на пријателство и братство од независноста на Пакистан во 1947 година.
Односите меѓу двете земји се институционализирани со формирањето на Советот за соработка на високо ниво во 2009 година, кој подоцна беше надграден на ниво на Совет за стратешка соработка на високо ниво, соопшти Министерството за надворешни работи на својата веб-страница.