Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека злосторството против човечноста претставува тоа што Израел ги затвора граничните премини, ги бомбардира конвоите со хуманитарна помош, ги масакрира хуманитарните работници и спречува евакуација на пациенти и цивили од Газа.
Фидан, кој го посети Египет на покана на египетскиот министер за надворешни работи Бедир Абдулати, на социјалните мрежи објави дека го посетил пристаништето Ел Ариш и граничниот премин Рафах. Истакна дека заедно со египетските функционери ги виделе активностите во пристаништето Ел Ариш и гранишниот премин Рафах.
„Туркије е земја која пружа највеќе хуманитарна помош во Газа. Но целта на нашето доаѓање тука не е да зборуваме за турската помош, туку да го свриме вниманието на светската јавност на геноцидот во Газа“, рече Фидан.
Тој истакна дека е злосторство против човечноста претставува тоа што Израел ги затвора граничните премини, ги бомбардира конвоите со хуманитарна помош, ги масакрира хуманитарните работници и спречува евакуација на пациенти и цивили и блокирање илјадници камиони со залихи помош која се распаѓа, додавајќи дека ова е „првата фаза од геноцидот“.
„Светот конечно ги требало да престане да молчи за оваа суровост на израелската администрација и да вложи повеќе напори за да се обезбеди непречена помош во Газа“, рече Фидан.
Шефот на турската дипломаија нагласи дека Туркије со државните институции, граѓани и невладини организации до крај ќе биде со палестинскиот народ и ќе продолжи да ја исполнува својата морална и хуманитарна обврска.