Фидан:Багдад и Ербил одлучни да го исчистат тероризмот на ПКК од ирачко тло / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Ирак и Туркије треба да соработуваат во борбата против тероризмот.

„Пред нас има уште многу работа за да се ослободиме од злото на тероризмот. Ние во голема мера го решивме ова прашање во Туркије. Во моментов, тероризмот на ПКК се крие на ирачка територија. Се надевам дека заедно ќе го исчистиме овој вирус од Ирак“, рече Фидан на прес-конференцијата во Ербил одржана по состанокот со премиерот на Регионалната влада на ирачките Курди, Масрур Барзани.

Тој изрази големо задоволство што денеска е во Ербил по контактите во Багдад за време на неговата прва посета на Ирак како министер за надворешни работи.

Истакна дека односите меѓу Туркије и Ирак напредуваат многу динамично.

Додаде дека за време на неговата посета на Багдад на агендата имало голем број важни теми.

„Имавме можност да разговараме за економски теми, Проектот за развоен пат, борбата против тероризмот, прашањето за водата и проектите за обнова на Ирак, за инфраструктурата и нејзината надградба со надлежните органи, посебно со министерот за надворешни работи, премиерот и со претседателот“, рече Фидан.

Тој истакна дека денеска во Ербил се сретнал со претседателот на Регионалната влада на ирачките Курди, Нечирван Барзани, и со премиерот Масрур Барзани.

Турскиот министер изјави дека со нив разговарал за многу прашања, како енергетиката, економијата и трговијата, и особено борбата против тероризмот. Особено изрази благодарност за соработката со Туркије во борбата против тероризмот.

„Администрацијата на Багдад, како и управата на Ербил се одлучни да го исчистат тероризмот на ПКК од ирачко тло. Мило ни е поради тоа. Ќе им ја дадеме сета можна поддршка во овој поглед“, рече Фидан.

TRT Balkan / агенции
Популарни