Претседателката на Европската Комисија денеска го повтори својот став за израелско-палестинскиот конфликт дека е против принудното раселување на Палестинците од Газа.
“Ја повторив мојата позиција да нема принудно раселување на Палестинците од Газа и поддршката на ЕУ за решение со две држави“, напиша таа на X, по средбата со јорданскиот крал Абдула во Брисел.
Таа истакна дека кралот има „витална улога во обезбедувањето стабилност“. Фон дер Лајен, исто така, го опиша Јордан како ценет и стратешки партнер на ЕУ, ветувајќи ја поддршката на блокот за напорите за модернизација на Јордан.
„Денес објавив пакет на ЕУ од над 900 милиони евра (961 милион долари) за поддршка на Јордан“, рече таа.
TRT Balkan / агенции