Европската унија би можела да ја разгледа можноста за увоз на течен природен гас од САД наместо од Русија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Сè уште добиваме голем дел од течниот природен гас од Русија, а зошто да не го замениме со американскиот, кој ни е поевтин и ни обезбедува пониски цени на енергијата“, рече таа на прес-конференција.
Според Фон дер Лајен, пристапот кон трговската политика на ЕУ што ќе се применува кога Доналд Трамп повторно ќе ја преземе функцијата во јануари ќе се заснова на ангажман, разгледување на заедничките интереси и преговарање.
TRT Balkan / агенции