Zastava sa fotografijama i imenima žrtava osujećenog pokušaja puča u Turkiye 2016. godine okačena je na Tursku kuću u New Yorku

Знаме со фотографии и имиња на жртвите од неуспешниот обид за државен удар во Туркије во 2016 година закачено е на Турската куќа во Њујорк по повод седмата годишнина од обидот за државен удар кој го изведе терористичката организација ФЕТО.

Говорејќи синоќа на комеморативна церемонија во Туркската куќа, импозантниот облакодер за турските дипломатски мисии во срцето на Њујорк, турскиот амбасадор во Обединетите нации (ОН) Седат Онал ја повика меѓународната заедница да соработува со Анкара и да дејствува во знак на солидарност за да терористичката организација ФЕТО биде целосно поразена.

„Ова не е само закана за безбедноста и стабилноста на Туркије, туку закана на сите земји во кои делува. Ова е јасно предупредување“, рече Онал.

Во Туркије 15 јули се одбележува како ден на демократијата и националното единсво, а генералниот конзул на Туркије во Њујорк Рејхан Озгур рече дека овој ден го памтат како ден кога турскиот народ се соочи со предизвик без преседан, подмолен обид за инфилтрирање на фракција во рамките на војската да ја презеде контролата над државата.

„Меѓутоа, исто така се сеќаваме на овој ден кој нѐ обедини како нација соочена со неволји и ја покажа непоколебливата решителност на турскиот народ да ги заштити нашите демократски вредности“, рече конзулот Озгур.

AA
Популарни