ЈАР го обвини Израел дека „неговите свесни постапки против жителите на Газа ја докажуваат неговата геноцидна намера“ / Photo: AA

На рочиштето за тужбата за „геноцид“, која Јужноафриканската Република ја поднесе против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), како доказ беа презентирани фотографии од Агенција Анадолу.

За време на сослушувањето одржано во МСП, фотографиите на АА беа прикажани како доказ во текот на говорот на Адила Хасим, една од адвокатите што ја застапува Јужноафриканската Република.

За време на сослушувањето одржано во МСП, фотографиите на АА беа прикажани како доказ во текот на говорот на Адила Хасим, една од адвокатите што ја застапува Јужноафриканската Република

На фотографијата направена од фоторепортерот на АА, Фади Алвиди, која е презентирана како доказ, се гледаат припадници на палестинската цивилна одбрана во Газа на 23 декември како ги вадат телата од урнатините во градот Беит Лахја и ги закопуваат во масовна гробница во близина на Индонезиската болница.

Освен тоа, на фотографијата направена од фоторепортерот Мухамед Фајк се гледа дека на 30 октомври телата на семејството Фатајер колективно се закопани на една локација бидејќи на некои гробишта во Газа веќе немало место.

На расправата за случајот за „геноцид“ во Меѓународниот суд на правдата, адвокатите што ја застапуваат Јужноафриканската Република го обвинија Израел дека „неговите свесни постапки против жителите на Газа ја докажуваат неговата геноцидна намера“.

Почна расправата за барањата за привремени мерки во тужбата на Јужноафриканската Република пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) поради тоа што Израел со своето дејствување во Газа ја прекршил Конвенцијата за геноцид.

На првиот ден од расправата Јужноафриканската Република ги презентираше своите аргументи.

AA
Популарни