Граничната агенција на Европската унија Фронтекс, обвинета за потиснување мигранти во Егејското Море, призна дека била дел од нехуманиот третман на Грција кон мигрантите. Признавајќи дека истуркувањето бегалци било практика од минатото, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража објави дека поставиле акционен план со Грција за да ги исправат грешките од минатото и сегашноста.
Од друга страна, Канцеларијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) покрена истрага против Фронтекс под обвинение за истуркување мигранти во Егејското Море, малтретирање и злоупотреба на власта.
Според извештајот на ОЛАФ, за кој многу се пишуваше во европските медиуми, Фронтекс ги прикривал случаите на грчкото истуркување бегалци. Во овој контекст, службеникот за фундаментални права бил спречен да пристапи до оперативните информации. Покрај тоа, службеникот за фундаментални права не беше назначен да ги прегледува извештаите за сериозни инциденти кои вклучуваат наводни прекршувања на основните права.
Признание на Фронтекс: Тоа се практики од минатото
Фронтекс, кој честопати беше обвинуван дека е „соучесник“ во нелегалните случаи на истуркување мигранти од Грција во Медитеранот и Егејот во последните години, даде изјава за извештајот на ОЛАФ. Забележливо е тоа што Фронтекс не ги поби гореспоменатите наоди во извештајот, напротив ги прикри со сугерирање дека „тоа беа практики направени во минатото“.
„Креираме план да ги исправиме грешките“
Во соопштението, осврнувајќи се на напорите на Службеникот за фундаментални права да работи поефективно и да преземе низа мерки за поправка за спречување на вакви инциденти, се истакнува и дека е креиран акциски план од грчките власти и Фронтекс за да се поправат грешките „на минатото и сегашноста“.
Изјавите на Фронтекс во соопштението за печат се сметаат како признание дека оваа агенција и Грција дејствувале заедно во случаите на враќање мигранти, во кои биле украдени илјадници народни пари и предмети, а мигрантите биле изложени на малтретирање и насилство, па дури и оставени да умрат при потопување на нивните чамци.
Починаа 152 мигранти
Туркије досега жестоко реагираше до Фронтекс и Грција во врска со нелегалното истуркување мигранти. Сепак, Фронтекс постојано ги отфрлаше обвинувањата.
Според информациите, вкупно 62.179 бегалци, вклучително деца и жени, беа истуркани од Грција во Туркије од страна на грчките служби и Фронтекс. Како резултат на овие нелегални активности, во периодот меѓу 2020-2022 година починале 152 бегалци.