Членовите на волонтерскиот тим за пребарување и спасување од Албанија учествуваа во операциите за помош во Малатија до 15 февруари. Тие раскажуваат за болните искуства од она што се случувало во погодените провинции во Туркије.
За Неби Муцај, водач на тимот, најемотивен бил моментот кога под урнатините нашле прегрнати татко и син.
„Најтрогателниот настан - не само за мене, туку и за сите членови на тимот - беше вечната прегратка на таткото и синот под урнатините. Беше многу болно за сите“, се сеќава Муцај.
Тој додаде дека биле доста поврзани, ја споделувале болката и се поставувале како жртвите да биле членови на нивното семејство.
Во друга прилика, тимот пронашол фотографија од млад брачен пар..
„Гледајќи ја таа среќа, таа насмевка и камењата на таа слика, сфаќате колку животот е скапоцен. Таа слика е врежана во моето сеќавање, изјави Мукај.
Молитва за помош од Бога
Друг волонтер, Скелзен Сатри, се присетува на ситуацијата кога татко прегрнувајќи го неговиот син го заштитил додека го извлекувале од урнатините.
Сатри вели дека додека бил во зоната на земјотресот, тимот секојдневно работните задачи ги започнувал со молитва, барајќи помош од Бога да спасат преживеани.
Бујар Рапо, кој исто така беше дел од волонтерскиот тим никогаш нема да заборави како еден преживеан од земјотресот очајно телефонирал кај својот брат кој бил под урнатините.
„За жал, неговото безживотно тело беше пронајдено подоцна“, рече Рапо.
Вкупно 73 члена имаше медицинскиот и персоналот за пребарување и спасување испратени од албанското Министерство за одбрана и Националната агенција за цивилна заштита кои учествуваа во активностите во југоисточна Туркије.
Помош и спасувачи од околу 100 земји
Според турското Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во екот на операцијата за пребарување и спасување, повеќе од 249.000 лица биле на терен. Во операциите учествуваа и повеќе од 11.000 меѓународни тимови за пребарување и спасување. Околу 100 земји понудија помош за Туркије или испратија спасувачки тимови.
Најмалку 41.156 луѓе загинаа, а 105.505 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари.
Во Сирија, загинаа најмалку 5.800 луѓе, со што бројот на загинати во двете земји се приближува до 47.000.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.
Тлото не мирува и два нови силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,4 степени го погодија Хатај вчера и имаше најмалку нови шест жртви.