Галант и Остин разговарале за актуелната ситуација во регионот / Фото: DPA

Израелските министри повикаа на одговор откако Иран прати беспилотни летала и проектили кон Израел, како одмазда за нападот врз неговата амбасада во Дамаск во кој се убиени неколкумина воени команданти. Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, вчера на американскиот колега Лојд Остин му рекол дека Израел нема друг избор освен да одговори на саботниот ирански напад.

Израелскиот портал „Вала“ објави дека Галант и Остин разговарале за актуелната ситуација во регионот.

Израелскиот воен кабинет се состана со цел да ги разгледа одговорите на Израел на иранскиот напад со дронови и ракети.

Според израелскиот телевизиски канал 12, на состанокот се разговарало за неколку опции, но без предизвикување регионална војна.

Иран во саботата (13 април) лансираше дронови и проектили кон Израел како одговор на нападот што Израел го изведе на 1 април врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, во кој се убиени најмалку 13 лица, вклучително седуммина ирански воени советници.

AA
Популарни