Ганц беше министер во воениот кабинет на Владата, оформен по започнување на војната во Газа, но поднесе оставка во јуни годинава / Photo: Reuters

Бени Ганц, лидер на израелската опозициска партија Националeн собир, ја повика владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги бомбардира владините згради во Либан.

Преку платформата X, Ганц ја повика израелската влада да ги таргетира „либанските владини објекти и центри“ кои досега беа надвор од опсегот на нејзиното бомбардирање.

„Либанската влада му даде одврзани раце на Хезболах и време е да се преземат силни мерки против владините згради“, рече тој.

Израелскиот воен аналитичар Ави Ашкенази во својот напис во весникот „Марив“ изјави дека таргетирањето на зградата на либанскиот парламент е опција за израелската армија да ги врати Израелците кои ги узурпираа палестинските земји назад на северот на земјата.

Посочувајќи дека зградата на парламентот е меѓу можните цели, Ашкенази тврди дека „зградата на парламентот може да послужи како засолниште за членовите на Хезболах“.

Ганц беше министер во воениот кабинет на Владата, оформен по започнување на војната во Газа, но поднесе оставка во јуни годинава откако Нетанјаху не понуди сеопфатен повоен план за Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни