Најмалку 87 новинари се убиени во тековната израелска воена кампања во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти во средата владината канцеларија за медиуми во опколената палестинска енклава.
Во соопштението, се вели дека најновиот загинат новинар е Абдулкарим Ода, кој беше убиен во израелските напади
Во понеделникот, канцеларијата за медиуми објави дека бројот на загинати новинари во војната во Газа е 86.
Израел го бомбардираше Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Според здравствените власти во Газа, најмалку 18.412 Палестинци се убиени, а 50.100 се повредени во израелските напади.
Според официјалните податоци, израелскиот биланс на загинати во нападите на Хамас изнесува 1.200, додека околу 139 заложници остануваат во заробеништво.