Газа: Израелски снајперист уби седум Палестинци во болницата Насер / Photo: AA

Најмалку седум лица загинаа, а 14 се повредени во пукање со снајпер од страна на израелски војник во болница во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

„Израелски снајперисти го опкружуваат медицинскиот комплекс Насер и пукаат во се што се движи“, рече портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра.

Во неделата, шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази длабока загриженост за ситуацијата во болницата за време на израелската опсада на установата.

„Длабоко сме загрижени за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал поради интензивирањето на непријателствата во близина на болницата“, рече Гебрејесус на социјалната мрежа Х.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа, и досега убиени се најмалку 28.340 Палестинци, главно жени и деца, а ранети 67.984.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни