Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио и разговараше за ситуацијата во Сирија и Газа, соопштија дипломатски извори.
За време на нивната прва средба, која се одржа на маргините на 61. Минхенска безбедносна конференција, Фидан ги сподели ставовите на Туркије за чекорите што земјите во регионот би можеле да ги преземат во борбата против терористичката група ИСИС (ДАЕШ).
Фидан ја нагласи важноста од траен прекин на огнот во Газа и рече дека израелско-палестинскиот конфликт мора да се реши за да се воспостави регионален мир.
Детално беше разговарано и за последните случувања во врска со можноста за воспоставување мир меѓу Украина и Русија.
Фидан, исто така, имаше одвоени состаноци со неговиот колега од Велика Британија Дејвид Лами и германската колешка Аналена Баербок.
На средбата со Лами, Фидан ја истакна важноста на политичкото единство на Сирија и дека треба да се поддржи сириската влада, која е одговорна по падот на режимот на Асад во декември 2024 година.
Тој рече дека трајното примирје во Газа е од суштинско значење за мирот во регионот.
На средбата со Баербок, Фидан разговараше за случувањата во врска со војната во Украина, безбедносната ситуација во Сирија како и трансатлантските односи.