Израелската армија соопшти дека телата на шестмина заложници пронајдени за време на операцијата во областа Хан Јунис на југот на палестинската енклава се транспортирани од Газа.
Станува збор за шест мажи на возраст меѓу 35 и 80 години, кои претходно веќе бea прогласени за мртви.
Роднините на жртвите веќе се информирани за враќањето на телата во Израел.
Организацијата Форум на семејствата на заложниците, која ги застапува роднините на заложниците грабнати од Хамас за време на нападот на југот на Израел на 7 октомври лани, го поздрави враќањето на телата, но во исто време ја повика Владата да се договори за ослободување на преостанатите заложници.
„Итно враќање на преостанатите 109 заложници може да се постигне само преку договор. Израелската влада, со помош на посредници, мора да направи се што е во нејзина моќ за да го комплетира договорот што моментално е на маса“, се вели во соопштението.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела беше на Блискиот Исток обидувајќи се да посредува за договор меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и враќање на заложниците.