Каролин Гениз, министерката Развојна соработка и урбанизам повика на воведување „економски санкции и ембарго за оружје“ на Израел, поради спроведените бомбардирања на бегалски кампови во Газа во кои загинаа десетици цивили.
„Уште еднаш, невините деца се жртви на безмилосно насилство. Ова не може никако да се оправда. Меѓународниот притисок врз израелската влада мора да се засили: време за економски санкции и ембарго за оружје“, рече Генез на мрежата X.
„Насилството води само до повеќе насилство“, предупреди Генез.
Нејзините коментари уследија откако најмалку 39 раселени Палестинци беа убиени во четвртокот во израелски воздушен напад врз училиште во кое беа сместени илјадници раселени лица во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот Појас Газа.
Израел ја продолжува бруталната офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.