„Ерусалим Пост“ на 5 ноември објави напис „Како да се искористи стресот од војната помеѓу Израел и Хамас за слабеење“ и го избриша набргу по жестоките реакции на корисниците на социјалните мрежи кои го осудија написот поради нетактична промоцијата на она што го нарекоа „геноцидна диета“.
Во една статија во израелски весник се сугерираше дека стресот предизвикан од „интензитетот на борбите во Газа“ може да биде позитивен бидејќи може да ги потисне хормоните на апетитот и да ги мотивира луѓето да вежбаат, што неизбежно ќе резултира со губење на тежината.
Откако статијата беше избришана, на читателите им беше препорачано „да го слушаат своето тело и да јадат кога се гладни“ и да избегнуваат гладување со прекумерно јадење, а препорачаа и ограничување на часовите во кои ги гледаат вестите.
Во меѓувреме, продавниците и пекарите во Газа останаа без основните прехранбени продукти, како брашно и леб, откако Израел објави „целосна опсада“ на 9 октомври, велејќи дека енклавата нема да има „струја, храна, гориво“ и го исполни своето ветување.
Како резултат на тоа, само два отсто од храната што вообичаено ја добива Газа стигнала до опколената енклава во изминатиот месец, според Оксфам.