Германија одобри испорака на тенкови Леопард 2 во Украина                  Фото: Ројтерс

По многу калкулации и дебати, Германија денеска конечно даде зелено светло за испраќање на познатите борбени тенкови „Леопард“ во Украина.

Владиниот портпарол Штефен Хебестрајт изјави дека Германија ќе испрати 14 борбени тенкови Леопард 2А6 во Украина.

За ваквата постапка, како што рече портпаролот, канцеларот Олаф Шолц ја известил и Владата.

Украина, како страна вклучена во војната и членките на НАТО, постојано бараа од Германија да донесе таква одлука.

„Германија, исто така, ќе им дозволи на своите сојузници да извезуваат тенкови „Леопард“ во Украина“, рече портпаролот na германската Влада, Штефен Хебестрајт.

Од друга страна, од почетокот на војната во Украина, официјален Берлин постојано беше критикуван за шпекулациите за испорака на оружје во Украина, особено за оружјето кое може да има контраефект за време на борбите.

TRT Balkan / агенции
Популарни