Германија: Ослободени приведените турски новинари / Photo: AA Archive

Германската полиција вчера соопшти дека се ослободени претставникот на весникот „Сабах“ за Германија Ерел и директорот за вести Албај, кои беа приведени во рацијата на германската полиција во канцелариите на весникот во Франкфурт, каде што се наоѓа европскиот информативен центар на весникот „Сабах“.

Германската полиција спровела рација во домовите на Ерел и Албај и во канцелариите на европскиот информативен центар на весникот „Сабах“, при што запленила компјутери и телефони.

Не се дадени информации во врска со целта на спроведената рација.

Во ослободувањето на двајцата новинари се вклучија Министерството за надворешни работи на Туркије и организации од новинарска професионална фела.

Министерството за надворешни работи најостро го осуди неоправданото приведување на претставниците на франкфуртската канцеларија на весникот „Сабах“ од страна на германската полиција.

Во соопштението на турското МНР се истакнува дека Германија, која „на целиот свет му држи лекци“ за слободата на печатот и слободата на изразувањето, со овој акт против независниот печат го откри својот двоен стандард.

Во соопштението се истакнува дека е спроведена потребната иницијатива, а силна реакција за овој немил настан во врска со приведувањето на турските новинари му е пренесена и на германскиот амбасадорот во Анкара Јирген Шулц, кој вчера бил повикан во МНР во Анкара.

AA
Популарни