Palestine

Германија денес изрази длабока загриженост поради резолуцијата на израелскиот Парламент со која се отфрла формирањето палестинска држава.

„Резолуцијата е во спротивност со неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН. Израел се оградува од огромното мнозинство на меѓународната заедница и се изолира“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Себастијан Фишер, додавајќи:

„Иако резолуцијата е необврзувачка, таа е назадување во нашите напори да ги балансираме легитимните безбедносни интереси на Израел со палестинското право на самоопределување.“

Во резолуцијата усвоена од Кнесетот се наведува дека формирањето палестинска држава „во срцето на Израел ќе претставува егзистенцијална закана за државата Израел и нејзините граѓани, ќе го продлабочи израелско-палестинскиот конфликт и ќе го дестабилизира регионот“.

Гласањето се случи пред премиерот Бенјамин Нетанјаху да замине за Вашингтон в недела за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и да се обрати во Конгресот.

Во февруари, Кнесетот гласаше за еднострано отфрлање на признавањето на палестинската држава.

AA
Популарни