Во соопштение објавено потоа, болницата тврдеше дека писмото „не е овластено, службено писмо“, туку дека е од „интерна е-пошта“, додавајќи дека установата жали „поради недоразбирањата кои настанаа“. / Photo: TRT World

Додека глобална помош продолжува да пристигнува во Туркије и Сирија по двата големи земјотреси кои го погодија регионот на 6 февруари, германска болница одлучи да покрене акција - со медицински материјали на кои им е „истечен рокот на траење“.

Во соопштението персоналот на Универзитетската болница во Улм е повикан да помогне во донирање на материјал за поддршка на Туркије и Сирија.

„Можете да соберете сето она на што му е истечен рокот или од разни причини отишло во отпад“, стои во повикот за помош, а со болдирани букви било напишано „сето она на што му истекол рокот на траење“. „Материјали кои уште се во употреба и на кои не им е истечен рокот се исклучени“, пишува понатаму во писмото.

Кога веста почнала да се шири на социјалните мрежи, неколку корисници на социјалната мрежа Твитер искажале незадоволство поради таквиот потег, а некои се запрашале: „Каде ви е човечноста?“.

Во соопштение објавено потоа, болницата тврдеше дека писмото „не е овластено, службено писмо“, туку дека е од „интерна е-пошта“, додавајќи дека установата жали „поради недоразбирањата кои настанаа“.

„Се собираат моментално изминати, но потполно функционални, висококвалитетни и оригинално запакувани потрошни материјали - како што се преврски, гастрични цевки или уринарни катетри“, се вели во соопштението на болницата за појаснување на одлуката.

TRT World
Популарни