Фезер тврди дека само 57.647 бегалци влегле на германската територија, но федералната полиција од јануари регистрирала 101.900 странски државјани.     Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер се соочува со сериозни обвинувања дека бројот на бегалци кои стигнуваат во Германија од почетокот на година е изманипулиран, јавуваат германските медиуми.

Фезер тврди дека само 57.647 бегалци влегле на германската територија, но федералната полиција од јануари регистрирала 101.900 странски државјани.

Податоците на федералната полиција покриваат само четири различни региони на Германија - Берлин, Минхен, Пирн и Штутгарт.

Според тоа, статистичките податоци на министерката за бројот на бегалци кои стигнале во Германија од јануари се пониски за преку 40 отсто од оние кои ги објави федералната полиција на оваа европска земја.

Се верува дека реалните бројки се значително повисоки како резултат на недостаток на податоци од други региони од Германија. Шеф на синдикат на федералната полиција Хеио Тегац рече занајтиражниот германски весник „Билд“ дека многу повисоки бројки од федералната полиција го „одразуваат токму она што моите колеги го говореа со месеци“.

Федералната канцеларија за миграции (БАМФ) од почетокот на годината евидентираше 154.557 лица кои побараа азил. Тоа е дури 2,7 пати повеќе отколку што германското МВР наведува во интерниот извештај за анализа на миграции.

Фезер неодамна исто така беше цел на критики бидејќи на Федералната полиција не и доставила извештај за анализа на миграциите за октомври. Бројките постоеле само до септември, а се шпекулира дека повторно пораснаа во последните месец дена.

Минатиот месец Фезер изрази загриженост поради зголемениот број мигранти кои влегуваат во Германија преку балканската рута.

Тогаш изјави дека тоа загрижува, бидејќи азилантите, покрај околу милиони воени бегалци од Украина, ќе мора да бидат сместени во Германија.

TRT Balkan / агенции
Популарни