Рекордни 22 лица се смртно застрелани од полицијата за време на полициските операции во Германија минатата 2024 година, покажа анализата на државната новинска агенција ДПА објавена денес.
Статистиката укажува дека бројката за 2024 година е највисока од обединувањето на Германија во 1990 година, со претходни максимални 19 смртни случаи регистрирани во 1995 и 1999 година.
Повеќето инциденти се случиле при интервенции врз лица со психички проблеми, често вооружени со ножеви.
Околу 10 луѓе се застрелани од германската полиција во 2023 година, 11 во 2022 година и осум во 2021 година.
TRT Balkan / агенции