Стотици здравствени работници, вработени во големите болници во Берлин, вчера ја прекинаа работата барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.
Во штрајкот учествуваа вработените во Чарит, една од најголемите универзитетски болници во Европа, како и вработените во болницата Вивантес и Еврејската болница, објави синдикатот Вер.ди.
Синдикатот го започна штрајкот откако минатиот месец без договор заврши вториот круг од колективните преговори со Владата и локалните власти.
Синдикатот, кој претставува околу 2,5 милиони работници во јавниот сектор, бара зголемување на платите за 10,5 отсто или најмалку 500 евра, во услови на висока инфлација и криза на трошоците за живот.
Новата рунда преговори е планирана за крајот на март.
TRT Balkan / агенции