Израелскиот новинар Гидеон Леви го нарече срамно тоа што Израел ги игнорира десетиците убиени Палестинци во нападите врз Рафах, во Газа, во кои се спасени двајца заробеници.
Во својот текст објавен во дневниот весник „Харец“, Леви напиша „Израелската дехуманизација на Палестинците во Газа достигна ново високо ниво“ со нападот во кој, како што објави израелската војска, спасила двајца заробеници во Рафа, место на југот од Појасот Газа, на границатра со Египет, каде што беа принудени да се раселат Палестинците од северните и централните делови.
Наведувајќи дека многумина го пофалија нападот врз Рафах, за кој израелските безбедносни сили објавија дека притоа спасиле двајца заробеници, Леви напиша: „Сите разузнавачки експерти рекоа дека ова била совршена операција со нула човечки загуби.“
Потенцирајќи на „фактот дека во нападот се убиени 74 Палестинци, вклучително жени и деца, што не се споменува во Израел“, Леви истакна дека споменатиот напад „не е совршен и сигурно не е со нула жртви“.
Истакнувајќи дека сликите што ги видел во болниците на денот на нападот на израелската војска врз Рафах биле меѓу најстрашните досега, Леви рече дека „сите биле среќни“ поради ослободувањето на заробениците, но срамно е што оние што се убиени во нападите „се игнорирани како да не се човечки суштества“.
Леви истакна дека „како срамен чин засекогаш ќе биде запомнет фактот дека повеќето израелски медиуми не го споменале страдањето на жителите на Газа“.