Во нападот има и многу цивилни жртви. / Photo: AA

Голем број Палестинци се убиени во напад на израелската армија во северниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на Дирекцијата за цивилна одбрана во Газа се наведува дека многу Палестинци се убиени во нападот што израелската војска го изведе во северниот регион Џабалија.

Очевидци изјавија дека тимовите на цивилната одбрана и локалните жители се обидуваат да дојдат до жртвите на нападот.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници врз Појасот Газа, започната на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 38.150 Палестинци, главно жени и деца.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна одлука им се наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни