Грчките спасувачи се мобилизирале да помогнат веднаш по земјотресите / Photo: AA

Неколку недели по враќањето од операциите за спасување на погодените од земјотресот во јужна Туркије, грчките спасувачи ги раскажаа нивните искуства и поддршката од турскиот народ и властите.

„Јас, како постар спасувач и инженер, сакам да нагласам дека никогаш не сум бил сведок на таква катастрофа“, изјави Константинос Никас, член на грчката елитна спасувачка единица ЕМАК, која спаси најмалку пет лица во најјужната провинција Хатај.

Никас вели дека биле во тесна координација со турското претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) уште од првите часови на катастрофата.

И турските власти во областа, вклучително и војската, полицијата и противпожарната служба, како и локалното население, го прифатиле тимот од Грција, обезбедувајќи им ја поддршка што им е потребна.

„Локалните жители споделија сè што имаа со нас. Не послужија со домашни јадења, топол чај и десерти. Сега имам толку многу убави и охрабрувачки спомени со мене од Туркије”, истакна Никас.

Повторувајќи дека неговиот тим, како и другите странски и турски спасувачки единици, морал да работи под многу тешки околности. И физички и емотивно.

„Спасувачката работа е многу повеќе од кршење на камењата, отстранување на урнатините и извлекување на преживеаните“, рече Никас.

Тој исто така нагласи дека природните катастрофи се поголеми од државите. Тоа според него придонесува за блиска соработка меѓу нив која е клучна во справувањето.

Еден од неговите колеги, Панајотис Јанопулос со слично размислување.

“Често има ситуации кои бараат од нас да побараме помош од нашите соседи”, изјави Јанопулос.

Нагласувајќи дека човештвото секогаш ќе мора да се справува со природни катастрофи, Јанопулос рече дека тие се мобилизирале за да помогнат во напорите за одговор при катастрофи веднаш по земјотресите.

Турските и грчките власти реагираа брзо и ефикасно, дозволувајќи му на ЕМАК да биде првиот странски спасувачки тим на теренот.

Јанопулос, исто така, ја нагласи улогата на меѓународниот механизам за одговор при катастрофи, вклучувајќи го и Европскиот механизам за цивилна заштита, во кој членуваат и Туркије и Грција.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во Кахраманмараш, погодија 11 провинции, меѓу кои Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа.

Околу 13,5 милиони луѓе во Туркије се директно или индиректно погодени од земјотресите. Во земјотресите загинаа повеќе од 46.100 луѓе.

AA
Популарни