Грчкиот министер за одбрана Панагиотопулос ќе ја посети Туркије / Photo: AA

Министерот за одбрана на Грција, Николаос Панагиотопулос, ќе ја посети Туркије на покана на турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар.

Според информациите од извори во Министерството за национална одбрана на Туркије, Панагиотопулос на 4 април ќе ја посети турската област Хатај, што беше погодена од земјотресот.

Панагиотопулос во рамки на посетата на Хатај ќе биде придружуван од турскиот министер Акар.

Се истакнува дека двајцата министри потоа ќе одржат тет-а-тет средба.

Инаку, Акар и Панагиотопулос телефонски разговараа на 9 март, при што се согласија за развивање на агендата меѓу двете земји врз основа на добрососедските односи.

TRT Balkan / агенции
Популарни