Група адвокати и новинари ја тужат ЦИА поради шпионажа на средбата со Асанж     Фото: АА

Група новинари и адвокати ја тужат американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео поради наводи дека биле под надзор кога се состанале со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во текот на неговото престојување во амбасадата во Еквадор во Лондон.

Во тужбата, поднесена вчера во Окружниот суд во Њујорк, се наведува дека ЦИА ги кршела правата на приватноста на американските новинари и адвокати, шпионирајќи ги. Меѓу подносителите на тужбата се новинарите Чарлс Глас и Џон Гец и адвокатките Маргарет Кунстлер и Дебероа Хрбек, кои го застапуваа Асанж.

„Уставот на Соединетите Држави ги штити американските граѓани од пречекорувањата на американската влада дури и кога активностите се одвиваат во странска амбасада во странска држава“, рече Ричард Рот, главниот адвокат кој ја застапува групата.

На Централната разузнавачка агенција, која одби да ја коментира тужбата, забрането ѝ е собирање разузнавачки податоци за американските државјани. Рот рече дека наводното шпионирање значело дека правото на Асанж на правично судење е „нарушено, ако не и уништено“.

„Би требало да постојат санкции, дури и отфрлање на тие обвиненија или повлекување на барања за екстрадиција како одговор на овие очигледно неуставни активности“, рече Рот.

Коосновачот на Викиликс, Џулиан Асанж на 1 јули до британскиот Виши суд вложи жалба на одлуката на британската влада да го испорача на САД.


Потегот на Асанж покрена нова битка помеѓу неговиот правен тим и американското Министерство за внатрешни работи, која може да потрае со месеци пред да се донесе конечната одлука.


Американските власти го бараат Асанж поради наводна завера по објавување на стотици илјади документи кои протекоа во врска со војните во Ирак и Авганистан, вклучувајќи докази за можни воени злосторства.

Ако биде испорачан на САД, Асанж ќе се соочи со 18 точки од обвинението за хакирање на компјутери на американската Влада и кршење на закони за шпиунажа и му се заканува потенцијална повеќегодишна затворска казна.

Асанж во 2019 година е извлечен од зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде беше во засолниште повеќе од седум години.

AA
Популарни