Гугл го поддржува израелското Министерство за одбрана и војската со алатки за вештачка интелигенција од почетокот на нападите врз Газа на 7 октомври 2023 година / Фото: Reuters

Гугл продолжува да обезбедува технологии за вештачка интелигенција за одбранбениот апарат на Израел и покрај јавните обиди да се дистанцира од воените операции на земјата, се вели во извештајот на Вашингтон пост.

Според истрагата на весникот, Гугл го поддржува израелското Министерство за одбрана и војската со алатки за вештачка интелигенција од почетокот на нападите врз Газа на 7 октомври 2023 година, дури и кога нивните вработени протестираа против договорот за користење на клауд технологијата Нимбус.

Документите на компанијата откриваат забрзан пристап на Гугл до услугите за вештачка интелигенција Вертекс за израелското Министерство за одбрана. Внатрешните комуникации покажуваат дека вработените во Гугл биле загрижени за губење на потенцијалните договори со конкурентите како Амазон, доколку брзо не обезбедат пристап до технологијата за вештачка интелигенција.

Документ од ноември 2023 година покажа дека вработен во Гугл му се заблагодарува на колега за олеснување на барањето на Министерството за одбрана.

Дополнителните документи од пролетта и летото 2024 година укажаа на тековните напори да и се обезбеди на израелската војска проширен пристап до технологија за вештачка интелигенција.

Имено, документите од ноември 2024 година покажуваат дека израелската војска сè уште ги бара најновите технологии за вештачка интелигенција на Гугл, вклучително и пристап до платформата за вештачка интелигенција на компанијата Џемини, за обработка на текстови и гласови, дури и една година по екстензивното бомбардирање на Газа.

Весникот истакна дека иако документите покажуваат континуирана поддршка за вештачката интелигенција, тие не прецизираа точно како израелското Министерство за одбрана планира да ги користи технологиите на Гугл или нивното прецизно влијание врз воените операции.

Гугл јавно не ги коментираше овие откритија, иако Израел има претходни записи за соработка со големи технолошки компании за да го интензивира угнетувањето врз Палестинците.

AA
Популарни