Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени, кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата вреден 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.
Вработените во две канцеларии на Гугл, во Њујорк и во Калифорнија, протестираа против „Нимбус Проџект“, според кој Гугл во соработка со Амазон ќе обезбедува услуги за складирање и обработка на податоци во облак за израелската влада, пишува технолошкиот портал Верџ.
Тие рекоа дека договорот им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.
Според информациите од интерен допис на Гугл, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.
„Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата“, се додава во соопштението.
„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе преминеме преку однесување кое ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот на глобалната безбедност на Гугл, Крис Раку.