Со Хамас привремено ќе раководи петчлен комитеткомитет со седиште во Катар, а Израел продолжува со интензивни напади врз Газа и по убиството на Синвар / Photo: AA

Неименуван претставник на Хамас изјави за Би-Би-Си дека организацијата ќе избере нов лидер во март и дека ќе го чува идентитетот во тајност од безбедносни причини.

Дотогаш Хамас ќе биде предводен од петчлен комитет.

Со Хамас, чиј шеф Јахја Синвар беше убиен од израелската армија, привремено ќе раководи комитет со седиште во Катар пред да се избере неговиот наследник, соопштија два извори во палестинското движење.

„Пристапот на раководството на Хамас не е да назначи наследник на покојниот лидер, маченикот Јахја Синвар пред следните избори на палестинското движење закажани за март, ако дозволат условите“, изјави извор од Хамас за Франс прес.

Јахја Синвар, назначен за лидер на Хамас по атентатот на Исмал Ханија во Иран во јули, беше прогласен за мртов од израелската армија во четвртокот, која го уби во јужниот дел на Појасот Газа.

Друг извор на Хамас рече дека раководството на групата разговарало за можноста за именување на политички лидер и задржување на неговото име, но таа опција на крајот била отфрлена.

Израел вели дека и покрај ликвидацијата на Синвар, ги продолжува воените операции во Газа. Израелската армија продолжува да го напаѓа и Либан.

ИД објави дека погодила 300 цели поврзани со Хезболах во последните 24 часа.

TRT Balkan / агенции
Популарни