Палестинската група на отпорот Хамас денес соопшти дека истрелала канонада од ракети врз израелски Тел Авив.
Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, истакнаа дека нападот „е одговор на израелските масакри врз цивилите“.
Израелското армиско радио соопшти дека сирените се огласиле во поголемиот дел на Тел Авив во централен Израел.
Ракетните напади денес се први во последните четири месеци врз израелскиот град, по 29 јануари.
Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот.
Во израелските напади досега загинати се 36.000 Палестинци, од кои најголем дел се деца и жени, а над 80.600 се повредени од минатиот октомври, по нападот на Хамас.
Речиси осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Газа каде што се засолнети над милион раселени Палестинци.