Палестинската група на отпорот Хамас во вторникот го обвини Израел дека одолговлекува со дозволувањето пристап до хуманитарна помош во Газа според договорот за прекин на огнот.
Портпаролот на групата, Хазем Касем рече дека Израел намерно го одложува и попречува влезот на најитните потреби, особено шатори, монтажни куќи, гориво и тешка опрема за отстранување на урнатините.
„Она што е постигнато во овој поглед е далеку под договорениот минимум, што значи недостаток на јасна посветеност во однос на помошта и хуманитарните аспекти“, додаде тој.
Хамас ги повика посредниците и гарантите на прекинот на огнот во Газа „да интервенираат и да ја решат нерамнотежата во спроведувањето на хуманитарниот протокол од договорот“.
Израел „зад себе остави огромно уништување, особено во северниот дел на Газа, каде што окупацијата ги уништи сите аспекти на животот таму...што го прави олеснувањето централна патека во договорот за прекин на огнот“, рече Касем.
Според владината канцеларија за медиуми на Газа, 15-месечниот напад на Израел уништи 88 отсто од инфраструктурата на Газа.
Договорот за прекин на огнот стапи на сила на19. јануари, запирајќи ја израелската геноцидна војна во која загинаа повеќе од 47.500 луѓе и беа повредени над 111.000 од 7.октомври 2023 година.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.