Палестинската група на отпорот Хамас денес предаде четири израелски војници жени според договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници со Израел.
Четирите ослободени војници облечени во елеци од израелска воена униформа насмеани мавтаа од бината на плоштадот Палестина во градот Газа додека беа префрлани кај претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Четирите Израелки, чии имиња вчера ги даде Хамас, се Лири Албаг (19), Даниела Гилбоа (20), Карина Ариев (20) и Наама Леви (20).
Во замена за нив, од израелска страна треба да бидат ослободени околу 200 палестински затвореници.
AA