Претходно Хамас објави дека 40 ракети биле истрелани од либанска територија кон Северен Израел / Фото: AFP

Военото крило на палестинската група на отпорот Хамас, Бригадите Ал-Касам, објави дека еден од нивните теренски команданти загинал вчера во еден од израелските воздушни напади врз Либан, пренесува Анадолу.

Бригадите Ал-Касам преку соопштение потврдија дека Хусеин Махмуд ал-Надер, теренски командант од градот Марџајун во јужната либанска губернија Набатије, бил убиен во воздушен напад вчера.

Претходно Хамас објави дека 40 ракети биле истрелани од либанска територија кон Северен Израел, што укажува на значителна ескалација на непријателствата меѓу двете страни.

Израелските медиуми, повикувајќи се на воени извори, објавија дека 20 ракети биле лансирани од Либан, некои биле пресретнати, а други паднале на отворен простор.

Израел започна низа воздушни напади врз Јужен и Источен Либан, а либанските здравствени власти соопштија дека загинале најмалку 492 лица, меѓу кои 35 деца, а 1.645 се повредени во нападите од вчераутро, кои принудија илјадници цивили да ги напуштат своите домови.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која досега загинаа над 41.400 луѓе, од кои мнозинството се жени и деца, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

AA
Популарни