Портпаролот на военото крило на Хамас- Бригадите Ал Касам, Абу Убаида, повика денеска за време на телевизиско обраќање по повод одбележувањето 200 дена од почетокот на војната со Израел, за ескалација на конфликтот на сите фронтови.
Во видеото емитувано од телевизијата Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со експлозивни дронови и ракетни проектили „поставуваат нови правила и го збунија непријателот“, пренесува Ројтерс.
Тој, исто така, повика на ескалација на конфликтот на Западниот Брег и Јордан, кој според него е „еден од најважните арапски фронтови“.
Јорданските воздухопловни сили пресретнале и собориле десетици ирански беспилотни летала кои влегле во јорданскиот воздушен простор на пат кон Израел, потврдија два регионални безбедносни извори на 13 април.
„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече Абу Убаида.
Тој истакна дека Хамас останува на своите барања во разговорите за прекин на огнот: Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите воени сили од Појасот Газа, да овозможи враќање на раселените на север од Појасот Газа и укинување на блокадата на палестинската енклава.
Израел се обидува да го искорени Хамас, кој го контролира Појасот Газа, во воена операција во која досега загинаа повеќе од 34.000 Палестинци.