Палестинското движење Хамас соопшти дека Израел се обидува да ги прикрие воените неуспеси во Појасот Газа со напад на болницата Ал-Шифа и нејзиниот комплекс.
Хамас објави писмено соопштение во врска со израелските напади врз болницата Шифа во Газа, каде се сместени илјадници болни, ранети и раселени лица.
Во соопштението, израелските напади врз болницата и нејзината околина се опишани како израелски обид да се прикрие неуспехот на претходно најавените воени цели.
Беше нагласено дека Израел се обидува да ги спроведе своите планови за насилно иселување на палестинскиот народ и дека во своите напади директно ги нишани здравствените центри и цивилите кои треба да бидат заштитени според меѓународното право.
Хамас ги повика Арапската лига, Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Обединетите нации (ОН) да го запрат израелскиот масакр на беспомошните цивили во болницата каде што се сместени.
Израелската Армија вчераутро со беспилотни летала и тешко вооружување изврши напад врз болницата Ал-Шифа во Газа, а во нападот загинаа неколку лица.