Причина за колебањето во истрагата за настаните од 7 октомври е „вонредната состојба на воените сили“, наведува весникот / Photo: AA

Израелскиот весник „Харец“ објави дека некои израелски војници и цивили биле убиени „од пријателски оган“ за време на инцидент на границата со Појасот Газа на 7 октомври.

Израелските војници на 7 октомври убија стотици луѓе од Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, во пограничните области на Газа, но „ограничен број израелски војници и цивили ги загубија животите во пријателски оган“, се наведува во текстот.

Армијата не поведе истрага за ова прашање, а весникот тврди дека причина за колебањето во истрагата за настаните од 7 октомври е „вонредната состојба на воените сили“.

Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници откако Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, изведе сеопфатен напад врз Израел на 7 октомври како „одговор на постојаното приведување на Палестинците и кршењето на светите вредности, особено упадите во џамијата Ал Акса“.

На 24 ноември, во 7 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени 18.412 Палестинци, а ранети се над 50.100 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Убиени најмалку 8.000 деца и 6.200 жени

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Протоколот Ханибал“ од страна на израелската војска.

„Директивата Ханибал“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили.

Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“.

Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати