Потпретседателката на САД Камала Харис ја повтори американската поддршка за Израел, но таа, во нејзините разговори со израелскиот претседател Исак Херцог ја нагласи потребата да се „екстремистичките доселеници да одговараат за акти на насилство“ на Западниот Брег на Палестина.
Двајцата лидери разговарале за тековниот вооружен конфликт во Израел, Газа и Западниот Брег, се вели во соопштението на Белата куќа за нивниот телефонски разговор.
Харис ја изрази својата поддршка за правото на Израел да ги брани своите граѓани и „борба против тероризмот“.
Таа ја истакна и потребата да се заштитат цивилите и да се почитува меѓународното хуманитарно право.
Харис ја нагласи важноста на стабилноста на Западниот Брег, потенцирајќи дека Израел мора да ги смета за одговорни екстремистичките доселеници кои вршат насилни дејствија врз Палестниците.
Потпретседателката на САД, исто така, ја истакна неопходноста од воспоставување одржлив мир во регионот, надвор од сегашните конфликти, и ја изрази својата посветеност да работи со регионалните партнери на ова прашање.
Од Пентагон, пак, информираат дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин телефонски разговарал со неговиот египетски колега Мухамед Заки.
Тие разговарале за подобрување на безбедноста на Блискиот Исток по 7. октомври.
Остин, исто така, му се заблагодари на Египет за неговата помош во испораката на хуманитарна помош во Газа и евакуацијата на американските граѓани од таму.
За време на нивниот разговор, тие ја истакнаа важноста за заштита на цивилите, а Остин го поддржа правото на Израел на самоодбрана од „терористички напади“.
Израел соопшти дека 31 војник е убиен, а 260 други се повредени откако почна со проширени копнени операции во Појасот Газа на 27 октомври.
Најмалку 10.328 Палестинци, вклучувајќи 4.237 деца и 2.719 жени, се убиени во израелските воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.
Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.