Јорданскиот премиер Џафар Хасан денес повтори дека неговата земја категорично отфрла каков било план за раселување или преселување на Палестинците од Појасот Газа.
„Нема преселување, раселување и решенија на сметка на Јордан“, рече тој во Парламентот.
Тој нагласи дека решението за палестинската кауза „лежи во Палестина, која ќе опстане и покрај окупацијата и угнетувањето“.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пречека јорданскиот крал Абдула во Белата куќа, при што изјави дека ќе го „преземе“ Појасот Газа под американска власт и ќе го обнови со хотели, деловни згради и друга инфраструктура.
„Кралот Абдула јасно истакна дека интересот на Јордан, стабилноста и заштитата на Јордан и Јорданците се над сѐ друго“, рече Хасан.
Трамп синоќа се сретна со јорданскиот крал Абдула Втори во Белата куќа, а на новинарите им рече дека се зборува за преместување на Палестинците од Газа во земји надвор од Јордан и Египет, вклучувајќи ги Албанија и Индонезија.
Тој додаде дека има многу земји кои изразиле интерес за учество и дека има „многу луѓе кои сакаат да помогнат во преселувањето на Палестинците од Газа.
„Кралот Абдула јасно истакна дека интересот на Јордан, стабилноста и заштитата на Јордан и Јорданците се над сѐ друго“, рече Хасан.