Израелската војска претходно нападнала цели на Хезболах во јужен Либан / Photo: AA

Либанската група Хезболах во понеделникот објави дека истрелала десетици ракети Катјуша врз база на израелската армија во окупираната Голанска Висорамнина.

„Ракетите беа истрелани врз седиштето на дивизијата Голан во базата Нафах“, соопшти групата.

Радиото на израелската армија објави дека околу 30 ракети биле лансирани кон Голанската висорамнина, а израелските сили возвратиле.

Израелската војска доцна во неделата објави дека пресретнала беспилотно летало кое доаѓало кон Израел од исток.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Официјалната новинска агенција на Либан објави дека тројца цивили биле повредени доцна во неделата во израелски воздушен напад чија цел била фабрика во Баалбек.

Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади во текот на ноќта насочени кон цели на Хезболах во јужен Либан и длабоко во земјата, гаѓајќи ја воената база на Хезболах во областа Сфири.

Тензиите ескалираа долж границата на Либан со Израел во услови на размена на прекугранични напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив ја продолжи својата смртоносна офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 34.600 луѓе од октомври минатата година по нападот на Хамас.

AA
Популарни