Заменик-лидерот на Хезболах, Наим Касим, во петокот рече дека групата нема да ја поколебаат повиците да не се вклучи во конфликтот Израел-Хамас и дека е „целосно подготвена“ да придонесе во борбите. „Задкулисните повици од големите сили, арапските земји, претставниците на Обединетите нации кои директно и индиректно ни кажуваат да не се мешаме, нема да имаат ефект“, им рече Касим на приврзаниците на собирот во јужните предградија на Бејрут. „Хезболах одлично ги знае своите должности. Подготвени сме, целосно подготвени и од момент во момент ги следиме случувањата“, рече Касим. Групата веќе неколкупати се судри со Израел преку либанската граница по нападите на палестинската фракција на Хамас врз израелските градови и израелското одмазднички бомбардирање на Појасот Газа. Касим е највисокиот функционер на Хезболах кој јавно зборува за конфликтотот.
Лидерот на Хезболах Хасан Насрала се уште не го коментираше развојот на настаните. „Прашањето што се поставува и што сите го чекаат: Што ќе направи Хезболах и каков ќе биде неговиот придонес?“, рече Касим. „Ние ќе придонесеме за конфликтот како дел од нашиот план...кога ќе дојде време за каква било акција, ние ќе ја преземеме“, додаде тој.