Најмалку три лица загинале во израелскиот напад во Бејрут, а 74 лица се повредени / Photo: AA

Либанската група Хезболах утринава потврди дека нејзиниот истакнат командант Фуад Шукр бил во зградата што беше цел на израелски воздушен напад синоќа.

„Големиот лидер Фуад Шукр (Хаџ Мохсен) се наоѓаше во оваа зграда во тоа време“, рече Хезболах во својата прва изјава по нападот врз јужното предградие на Бејрут.

Сепак, во соопштението се вели дека неговата судбина сè уште не е позната.

Хезболах соопшти дека сѐ уште чека да се расчистат урнатините за да се утврди судбината на лидерот Фуад Шукр.

Израелската армија вчера изврши воздушен напад во јужно преградие на Бејрут, гаѓајќи го лидерот на Хезболах како одмазда за нападот во саботата врз градот Друзи Мајдал Шамс во Голанската Висорамнина окупирана од Израел.

Израел го обвини Хезболах за нападот, а либанската група негираше каква било одговорност.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека најмалку три лица загинале во израелскиот напад во Бејрут, а 74 лица се повредени.

Тоа е втор израелски напад врз јужните предградија на Бејрут од 2 јануари, кога Израел го уби Салех ал-Ароури, еден од лидерите на Хамас.

AA
Популарни