Деловите за Ф-35, произведени од САД, се чуваат во складиште во Холандија / Photo: AA

Холандија мора да ја прекине испораката на делови за борбените авиони Ф-35 на Израел во рок од седум дена, наложи во понеделникот холандскиот апелационен суд.

Одлуката дојде откако судот ја усвои жалбата на организациите за човекови права, кои тврдеа дека снабдувањето со делови придонело за „кршење на меѓународното право од страна на Израел“ во неговата војна со Хамас.

„Судот ѝ нареди на државата да го прекине целиот извоз и транзит на делови од Ф-35 со крајна дестинација Израел во рок од седум дена по доставувањето на оваа пресуда“, соопшти судот.

„Со тоа, Холандија придонесува за сериозно кршење на хуманитарното право за војна во Газа“, рекоа групите за човекови права.

Деловите за Ф-35, произведени од САД, се чуваат во складиште во Холандија.

И покрај привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата минатиот месец да престане со геноцидни дејствија Израел ја продолжува својата воена офанзива на Појасот Газа, каде што според палестинските здравствени власти се убиени најмалку 28.176 Палестинци, главно жени и деца, а 67.784 лица се повредени од 7 октомври.

AA
Популарни